•
28 јануари 2020
Кога е во прашање секогаш актуелната црно-бела комбинација, постојано сме во потрага по нови и инспиративни идеи како да ја имплементираме во нашиот секојдневен изглед. Поради фактот дека на многумина овој спој им е омилен, секогаш е добро како адут да имаме неколку аутфити што ќе нè инспирираат.
А токму на еден таков наидовме во уличната мода и тоа по примерот на секогаш прекрасната Ирина Шајк.
Таа направила одличен микс на неколку актуелни, тренодвски парчиња со безвременскиот и култен модел на чизми, Dr.Martens.
Остатокот од комбинацијата го сочинуваат перфектен, макси бел капут и едноставна црна ролка и црни хеланки.
Едноставноста е секогаш ефективна ако знаете како да ја прилагодите на вашиот личен стил и на приликата.