Џими Чу никогаш не дизајнирал ниту едни обувки

5 октомври 2013

Ко - основачката на брендот за чевли Џими Чу, Тамара Мелон во интервју за America's Today изјави дека нејзиниот поранешен партнер никогаш во животот не дизајнирал ниту еден чифт обувки.

Мелон, која ја напушти компанијата пред околу две години, во својата книга што ја објави неодамна, говори и за некои други мрачни тајни од соработката со Чу.

„Оригиналната идеја беше тоа дека Џими ќе ја дизајнира колекцијата, а јас ќе ги водам сите останати активности поврзани со бизнисот“, вели Мелон во интервјуто за America's Today.

Кога водителката на емисијата ја прашала дали е вистина нејзиното тврдење дека Џими Чу всушност никогаш не дизајнирал ниту еден чифт обувки од неговите колекции, Мелон потврдува.

„Ниту едни обувки. Јас не добив ниту една скица од него. Ниту една!“, тврди Мелон.

Брендот Џиму Чу беше основан во 1996 – та година, а Мелон неколку години подоцна го направи еден од најпознатите брендови за чевли.

Во 2011 година таа го напушти Џими Чу, а веќе следниот месец се очекува таа да го лансира нејзиниот нов лајфстајл бренд.

Објавено:
5 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци