Пејачката Адел после долга пауза на Инстаграм, пред неколку дена објави роденденска фотографија со која им се заблагодари на сите за честитките.
На фотографијата таа беше облечена во мини црн фустан со волуменозни ракави, што одлично ја нагласуваше нејзината нова фигура.
Фустанот го потпишува брендот „Елзинга“ (на музичарката и пејачка Лиселот Елзинга, која живее и работи во Амстердам), а цената е 560 евра. Претходно била и 670, а освен црн, моделот беше достапен и во портокалова, но и двата се тотално распродадени и тоа во рекорден рок, како што велат од брендот.
Токму затоа, сега во понудата имаат нови модели, нешто поевтини и тоа со принт - животински и со точки, кои се' уште ги има, а чија цена изнесува околу 400 евра.
Покрај пејачка со фантастичен глас, исто толку добра продажба на албуми, застапеност на топ-листи и освоени најважни награди, Адел е на добар пат да стане и влијателна модна икона.