Морате да пробате: Овошна верзија на Далгона кафето

16 јуни 2020

После работниот ден дозволете си уживање за сите сетила.

Наш предлог е вкусен и кремаст напиток со вкус на јагоди.

Далгона кафето стана апсолутен хит на социјалните мрежи, а ова е негова овошна верзија би кажале.

За оние што можеби не се упатени, напитокот се подготвува од исти количества на инстант  кафе, шеќер и вода, кој се мати во кремаста смеса, пред да се стави преку млекото и коцките мраз.

Но, еве што ви е потребно за овошната верзија (за 2 лица):

1 лажица инстант напиток од јагоди (или било кој друг овошен вкус, или какао ако немате овошен)

4 лажици слатка павлака (нематена)

400 милилитри млеко

неколку коцки мраз

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Valentina Mussi Food + Travel (@sweetportfolio) onApr 18, 2020 at 4:26pm PDT

 

Во сад ставате од инстант напитокот од јагоди и четирите лажици слатка павлака. Матете со жица додека не добиете густ крем. Во чаша ставете млеко и коцки мраз, па врз него со истата жица со која сте мателе, префрлете го кремот. Пред да го вкусите напитокот, измешајте го кремот со млекото, ќе биде далеку повкусно.

Уживајте!

Совет плус: доколу сакате дополнително да ја украсите чашата, во еден сад капнете малку мед или јаворов сируп и со тоа обложете го врвот на чашата, а потоа истиот наросете го во напитокот со вкус на јагода. Целиот процес го имате во видеото погоре. Исто така, можете да додадете и свежи јагоди.

Совет плус 2: Доколку го правите со какао, можете да ја украсите чашата со чоколадо или да додадете чоколадо во самиот напиток.

Објавено:
16 јуни 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.937 пати