Како да ја избелите темната кожа на препоните?

9 октомври 2013

Она за што девојките не сакаат многу да зборуваат, а сите знаеме дека многу од нас го имаат тој проблем, е темната кожа на препоните.

Многу често се пишува за нега на кожата на лицето и телото, но кожата на препоните многу ретко се споменува.

Поради сончањето и депилацијата, голем број на девојки имаат проблеми со темната кожа по линијата на гаќичките и иако тој проблем е многу непријатен, не е неизлечлив.

Решение на овој проблем се многубројните препарати за избелување на кожата, но сепак, природното е секогаш најдобриот избор.

За смесата што треба да ја направите и што дефинитивно ќе ви помогне во избелување на темните делови, потребни ви се многу малку пари и време.

Она што единствено треба да го направите е да си набавите лимон и арганово масло. Измешајте ги добро во длабок сад и со нежен предмет нанесете на проблематичното подрачје.

Постапката повторувајте ја секој втор ден, две до три недели. Ги чекаме вашите резултати!

Објавено:
9 октомври 2013
Категорија: 
Убавина