Вивиен Вествуд им даде пиратски дух на познатите училишни чантички

10 октомври 2013

Мајката на панкот Вивиен Вествуд, им даде пиратска преобразба на добро познатите училишни чантички на компанијата The Cambridge Satchel Company и тие изгледаат подобро од кога и да е.

Оваа специјална соработка на компанијата со ексцентричната дизајнерка е во име на петтиот роденден на компанијата за рачна изработка на добро познатите т.н училишни чантички.

Ова е веќе препознатлив печат на Вествуд, со оглед на тоа дека во далечната 1981 година, таа изработи цела колекција со пиратски принтови.

Чантичките, што ги има во две големини и три бои – жолта и црна, бела и црвена и кафена и црна, изгледаат неверојатно со добро познатиот дезен на Вествуд со кривулести линии.

Лимитираната колекција на чантички ќе почне да се продава од 14 Октомври во продавниците на Вивиен Вествуд и бутиците на The Cambridge Satchel Company, а истите ќе чинат од 165 па се до 195 долари во зависност од големината.

Објавено:
10 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци