Женски одела

16 мај 2013

Причината за враќање на оделата на голема врата е тоа што во женскиот гардеробер сезонава беа застапени голем број машки парчиња. Односно покрај џинсот и предимензионалните блејзери и оделата го пронајдоа своето место под сонцето. Оделото прави жената да изгледа софистицирано, лежерно и елегантно, со доза „агресивност” во стилот. Во зависност од кројот, дезенот и текстурата тие може да бидат дел од работниот, вечерен или уличен стил.

Холивудските ѕвезди го практикуваат овој стил на облекување на црвениот тепих, а доколку добро знаете да го искомбинирате, можете да го носите на разни настани. На пример, доколку го искомбинирате со чевли на висока потпетица, гламурозен накит и плик чанта, може да се појавите на некој гала настан.

 

Доколку пак сакате поедноставна варијанта, тогаш оделото искомбинирајте го со балетанки, голема чанта и марама. Интересен новитет се оделата во разни принтови, па ако сакате да изгледате интересно, можете слободно да комбинирате животински принт, цветен или пак геометриски, со различни видови материјали.

Објавено:
16 мај 2013
Категорија: 
Тренд