Стилски двобој: Која креација од Гучи би сакале да ja носите?
•
21 октомври 2014
Првата креација е составена од бели панталони со А - крој и пастелно розова ролка без ракави. Изгледот е комплетиран со плик чанта и впечатлива масивна алка. Оваа комбинација е идеална за сите оние дами кои негуваат елегантен, но сепак комфорен изглед.
Доколку сепак сакате да носите здолниште, тогаш втората комбинација е совршена за вас. Пастелната розова нијанса преовладува во целосниот изглед, кој е оставен од здолниште со А - крој и со висок струк и кошула со долги ракави. Како модни додатоци и овде се присутни плик чантата и масивната алка. Овој изглед е идеален за сите оние дами кои ставаат акцент на префинетиот изглед.