Почнува Первол фешн во Загреб
•
16 октомври 2013
Модната манифестација Prwoll Fashion.hr започнува денес а трае до 19-ти октомври. Изминативе денови се одржа кастинг на моделите по повод најисчекуваното модно случување , а најдобрите хрватски дизајнери помеѓу над 200-те пријавени модели од водечките хрватски модни агенции избраа лица што ќе им ги претстават новите колекции.
Ова воедно ќе биде и 15-тата јубилејна сезона на манифестацијата, која ќе ја отвори Александра Дојчиновиќ која ќе се претстави со авторска колекција инспирирана од Опел Адам. На првиот ден ќе се претстават и eNVy room, како и Марина Обрадовиќ.