Изабела Оливер слави 10 години успешна работа со облека за бремени жени

16 октомври 2013

Англискиот бренд Изабела Оливер кој е специјализиран за производство на модерна облека за бремени жени, слави 10 години од своето постоење а притоа инвестира 1,4 милиони фунти за стимул на младите мајки при одгледување на нивните новородени деца. Изабела Оливер е бренд  е популарен и меѓу познатите јавни личности, Анџелина Џоли,  Џенифер Лопез, Натали Портман се мајките кои веќе ги носеа креациите на овој бренд. Инаку, моделите  можат да се купат само преку интернет продажба, а може да се најдат и во склоп на продавниците на Хародс, Nordstrom , Fenwicks и ASOS. Во едно свое интервју Baukjen de Swaan Coma , креативениот директор и основач на Изабела Оливер,вели:

-Јас верувам дека бременоста  треба да се слави и отсекогаш сакав мојата компанија да биде доверлив пријател на жената за време на овој возбудлив , но понекогаш доста нервозно , време. Јас сум страстен за создавање на облека која прави жените да се чувствуваат подобро за себе  и може да помогне во зајакнувањето на довербата и го направи животот полесен , особено во ова време на толку многу физички промени, вели Кома.

Доколку ја разгледате официјалната страна на Изабела Оливер ќе се изненадите колку една трудница може да изгледа модерно, дури и сексапилно, но само во случај кога ги има вистинските парчиња што се правилно комбинирани.

Објавено:
16 октомври 2013
Категорија: 
Актуел