Џулија Робертс ќе глуми во серија на Рис Витерспун

16 декември 2020

Од продуцентската куќа „Епл“ најавуваат нова серија, во која Џулија Робертс ќе ја толкува главната улога.

Остварувањето ќе го носи насловот „The Last Thing He Told Me“, а покрај актерскиот дел Џулија ќе биде и извршен продуцент на серијата, во што ќе ѝ прави друштво на Рис Витерспун.

Дејството е базирано на истоимениот роман на авторката Лора Дејв, а приказната се заснова на необичниот однос помеѓу маќеата и 16-годишното девојче, откако на таткото ќе му се изгуби секаква трага.

Таа ќе ја бара вистината што се случило со татко ѝ.

Инаку, компанијата „Hello Sunshine“ чиј сопственик е Витерспун ги откупила авторските права за приказната. При подготвувањето на сценариото, Лора Дејв ја има помошта на сопругот Џош Сингер, кој воедно е и добитник на „Оскар“ за филмот „Под лупа“.

Реакциите на публиката веќе се позитивни, но се' уште нема информација за тоа кога ќе бидеме во можност да ја гледаме серијата, која ако судиме според екипата што работи на неа, ветува.

 

Објавено:
16 декември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
734 пати