Лејди Гага и Џенифер Лопез ќе пеат на инаугурацијата на Џо Бајден
•
14 јануари 2021
Лејди Гага ќе ја пее химната на инаугурацијата на Џо Бајден и Камала Харис, која ќе се случи на 20 јануари, пренесуваат светските медиуми.
Ова и не треба да биде изненадување, со оглед на тоа дека Гага јавно ја изразуваше својата поддршка за Бајден, па дури беше и дел од некои од активностите за време на кампањата.
Освен неа, свој настап ќе има и Џенифер Лопез, но не е познато со која изведба. Останатите учесници не се јавно соопштени.
Со оглед на ситуацијата со пандемијата, ќе има “стримови“ во живо од церемонијата, ќе има специјален двочасовен настан, чиј домаќин ќе е Том Хенкс.
Модните магазини пак, со нетрпение очекуваат да видат во каква креација ќе се појави идната прва дама, Џил Бајден и кој дизајнер ја имал честа да ја создава.