Добро утро. Се надеваме дека и ова утро сте во добро расположение. Ние денот си го започнуваме со доза модна инспирација.

Нашиот предлог за стајлинг овој пат е кариран долг фустан во црно-бела комбинација, кој е искомбиниран со кратка црна кожена јакна и бели високи чизми.

Додадете чанта и едноставен накит и ќе добиете впечатлива комбинација идеална за убавото време кое го имаме деновиве.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
24 февруари 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
746 пати