Од денес па до 8 март, Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ ќе ги отвори своите врати за сите љубители на модниот дизајн и модната едукација.
„Преку дидактичката изложба, посетителите ќе ја имаат можноста да се запознаат со тековните проекти на студентите и предметите што се изучуваат на нашата институција, да ги видат фазите на подготовка и реализација на облека и модни додатоци и одблиску се запознаат со едкуативниот процес. Нашиот тим и студентите со задоволство ќе одговорат на прашањата поврзани со изложените проекти и процесот на професионална едукација.
Деновите на „отворените врати" ќе бидат организирани со почитување на протоколите за Ковид-19.
Ве очекуваме во просториите на институтот, на ул. Битпазарска бр. 127, Скопје, на 6, 7 и 8-ми март, од 11 до 17 часот“, велат од Институтот.
Па доколку ова ви звучи примамливо и ви буди интерес, нека биде еден од начините на кои можете да го искористите викендот.