Get the Look: Цветен фустан + тексасна јакна + чизми до глужд

16 март 2021

Иако пролетта календарски ни се ближи, март одлучи да биде стопроцентно променлив. И без оглед на тоа што денеска е облачно и ветровито, тоа не значи дека не треба да го подготвиме плакарот за новото годишно време, а и ако ѝ веруваме на временската прогноза, следната недела ќе ни се врати сонцето.

Ние инспирацијата за првите сончеви пролетни денови ја најдовме кај домашниот бренд Елена Лука, а нашиот предлог е овој прекрасен и впечатлив цветен фустан кој ни го привлече вниманието.

фустан: 4.700 денари;  јакна: 2.500 денари;  чизми: 7.500 денари; чантичка: 700 денари;

 

Во горниот дел има нежни набори и ролка, а и преклоп што го прави мошне интересен. Со долги ракави е, додека пак здолништето лежерно ја следи линијата на телото и има шлиц кој ја внесува потребната доза сексапил.

Ние го искомбиниравме со едноставна тексасна јакна, а вие можете да одберете и некој подолг модел или поширок.

Комбинацијата ја заокружуваме со чизми до глужд на висока потпетица и мала чанта.

Елегантно, свежо, тренди!

Комбинацијата е достапна на онлајн продавницата на Елена Лука, како и во продажните салони во ГТЦ на првиот кат и во населба Аеродром.

 

 

Објавено:
16 март 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
651 пати