12 моќни цитати на уникатната Вивиен Вествуд: Купувајте помалку, но одберете добро, нека трае облеката

8 април 2022

Уникатна, со став и препознатлив моден избор - Вивиен Вествуд денеска го прославува својот 81 роденден.

Низ годините таа остави свој белег во модната индустрија и направи своевидна револуција комбинирајќи ја панк естетиката со актуелни модни трендови.

Уметница, борец против климатски промени, поборник за здрава животна средина, жена која совршено го владее модниот занает - сето тоа е Вествуд.

Во чест на нејзината богата кариера, искуство и модно наследство зад себе, се потсетуваме на некои моќни цитати и неверојатни креации:

- Модата е применета уметност, животна промена што е дел од цивилизацијата. Но, вистинската уметност е имитацијата и имагинативна илузија врзани во едно. Јас не преферирам модата да ја насловувам како уметност, но од друга страна уметноста е занает, а и модата е занает. Ако традицијата е скршена, тогаш морате да најдете техника како замена. Мора точно да се знае како да се манипулира со материјалите за ефектот, за да може да ја знаете вистинската посакувана експресија

-Не можете да бидете оригинални тргајќи од помислата дека чекате да ви „дојде" нова идеја. Ништо не доаѓа од вакуум. Невозможно е да се биде креативен, освен ако се има врска со минатото и традицијата. Не обидувајте се да создадете нешто, освен ако не ги знаете претходните техники и искуства од минатото за конкретната уметност. Постојано треба да се обидувате да го разберете светот во кој живеете и начинот на кој луѓето ги гледаат нештата од минатото.

-Јас сум центарот на мојот изглед. Најважна работа во животот ми е да го разберам светот во кој живеам. Мојата облека секогаш е храбра, без разлика дали тоа е латекс неглиже или корсет од балетски костим. Најважното што треба секој да го знае е –кој е и што сака да биде. Тогаш ќе ја изберете вистинската облека која треба да ја раскаже вашата лична приказна. Никогаш не сум загрижена што луѓето мислат за мене. Создадете сопствена фигура и отстапете од следење на модните тенденции.

-Купувајте помалку, но одберете добро. Нека трае облеката. Квалитет, а не квантитет. Сите купуваат многу облека. Посебно сиромашните. Не треба да се купуваат само евтини работи. Наместо шест по поволна цена, подобро е да купат едно парчи кое навистина им се допаѓа и ќе им трае. Паметното купување има далеку подобри ефекти на поширок план, не само во мода.

-Единствен начин да се влијае на светот е преку непопуларните идеи.

-Кога носите добра облека, тоа значи дека имате интересен живот.

-Немам доверба во младите генерации. Не губам време зборувајќи со нив.

-Луѓето никогаш не изгледале грдо како денес. Ние сме преголеми конзументи на сè и сешто.

-Најсексапилните луѓе се мислители. Никој не е заинтересиран за некој со дупка во глава кој говори за најновите работи. Не постои нешто како „најнова работа“. Сè е тоа глупост.

-Не ме интересира дали и како ќе станете наутро, дали се миете, дали си ставате шминка, дали сте ја средиле косата, но вие треба да носите облека – ако сакате да изгледате различно.

-Подобро е да изгледате важно отколку секси.

-Има нешто навистина страшно во начинот на кој луѓето се облекуваат денес. Сите изгледаат исто. Сите сакаат да изгледаат неутрално.

Нејзиниот живот и кариера се поврзува со популарниот бенд Sex Pistols односно со менаџерот на бендот, Малком Мекларен. Интимната врска со еден од револуционерните панк бендови ќе изврши огромно влијание врз нејзиното дефинирање како моден дизајнер кој ќе ја пропагира панк субкултурата во мејнстрим модните кругови.

Вествуд е родена како Робин Нортон во градчето Тинтвистел (во областа Дербишир) на 8 април 1941 година.

Панк стилот започнал да станува озогласен откако Sex Pistols започнале да носат облека од бутикот на Вествуд и Мекларен на нивната прва свирка. Стилот вклучувал завои, безопасни игли, жилети, разни ланци од велосипеди и кучешки околувратници како модни додатоци. Сето ова било зачинето со откачена шминка и фризура. Дизајнерските елементи вклучувале присвојување на традиционални елементи од Шкотскиот дизајн како што е карирана волнена ткаенина која е еден од најневообичаените елементи користени од Вествуд како и кројачки принципи кои се историски забележани во 17 и 18 век, реинтерпретирани кај машките пантолони.

Овие традиционални контрасти служеле за да се постигне комплетен шокирачки ефект на моделите. Останатите влијанија кои Вествуд ги ивршува во модниот свет е масовната употреба на сомотот и плетените модели. Заедно, Вествуд и Мекларен работат да се направи комплетна револуција во модата, а тој удар се чувствува денешн ден.

фото: instagram.com, pinterest.com.

Објавено:
8 април 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.165 пати
Тагови: 
Вивиен Вествуд