Анџелина Џоли позираше во опасно и необично издание за National Geographic

21 мај 2021

Холивудската актерка и филантроп Анџелина Џоли се најде на насловната страна на National Geographic, овој пат во опасно друштво. 45 годишната актерка го одбележа Светскиот ден на пчелите, со цел да го сврти вниманието на јавноста кон нивната важност. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by National Geographic (@natgeo)

На фотографиите кои ги направи Ден Винтерс, Анџелина позира со рој пчели кои лазат на нејзиното лице и деколтето.  

Актерката која долго време е дел од Обединетите нации, сега и официјалнл стана амбасадор на проектот Жените за пчелите, кој го покренаа Обединетите нации. Меѓународната организација ја препозна важноста на пчелите во екосистемот, бидејќи тие се неизоставен дел од животинскиот синџир и прават опрашување на околу 75% од прехранбените производи, така што земјоделството ширум целиот свет зависи од нивното постоење. 

Џоли изјави дека за потребите на фотосесијата, морала да паузира со туширање цели три дена, бидејќи мирисите од шампоните и парфемите можеле да ги збунат пчелите. Во интервјуто за списанието, таа раскажува дека морала да стави нешто во носот и ушите, за да не можат пчелите да влезат внатре.

И додека едните се воодушевуваат на овие фотографии, други се прашуваат што точно е пораката на фотографијата. 

Голем дел од публиката смета дека фотографијата е претерана и тоа што тие лазат по Џоли не баш ја прикажува нивната важност во синџирот. 

Објавено:
21 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.078 пати
Тагови: 
Анџелина Џоли