Анџелина Џоли со ќерките во мартовски едиторијал за Elle: Вас ве дефинира Вашиот ум!

9 февруари 2018

Славната актерка и режисерка Анџелина Џоли по повод Меѓународниот ден на жената, се сликаше заедно со двете ќерки Шајло и Вивиен, за мартовското издание на магазинот Elle.

Во рамките на интервјуто за магазинот, Џоли ги открива лекциите што како мајка им ги пренесува на своите деца, а се однесуваат на неколку основни етички животни начела, со акцент на правата на жените.

„Им кажувам на моите ќерки: Она што ве издвојува е тоа што вие сте склони да го направите за другите.Секој може да облече фустан и да се нашминка. Вас ве дефинира вашиот ум. Дознајте кои сте, што мислите и за што се залагате. И борете се за другите да ги имаат истите тие слободи", вели актерката во разговорот.

Таа во интервјуто прави споредба за тоа какви биле нејзините гледишта порано и денес, во однос на нејзината хуманитарна работа.

„Кога бев помлада, прилично бев анти политички расположена. Почнав да работам на проблеми поврзани со човековите права и остварував средби со имигранти, најмногу поради тоа што сакав да учам. Исто така ја имав онаа романтична идеја дека сакав да бидам хуманитарец. Но, сфатив дека тоа не е доволно. Треба да го најдеш коренот на проблемот. А, тоа многу често ве носи повторно до политиката", вели Џоли во интервјуто.

42-годишната актерка е позната по нејзиниот активизам за човекови права. Таа е амбасадор на добрата волја на Обединетите нации и во оваа нејзина улога до сега била дел од речиси 60 мисии, вклучително и посети на Либан, Јордан и Ирак.

Објавено:
9 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.982 пати