Брзо, вкусно и освежувачко!
Ете вака би можеле да го опишеме нашиот денешен предлог за викенд рецепт. За помалку од 10 минути можете да подготвите десерт кој може да биде и замена за појадок, а со оглед на тоа дека е здрав, можете да го јадете и вие и вашите најмали членови на семејството без грижа на совест.
Ќе имате чувство како да јадете сладолед, а притоа ќе бидете сити со часови.
Плочките со овошје и граноли се вистинска енергетска бомба за почеток на денот.
Наш предлог е да ги вклучите сезонските овошја, како јагодите на пример, но совршено ќе се вклопат и малини, банани, киви и манго. Можете да додадете и различен тип ореви и семки, а ако сакате дополнително додадете и темно чоколадо.
Во продолжение начинот на подготовка:
Состојки: 700мл јогурт, 3 лажици мед, 120 граноли, 200 гр сечкано овојшје
Подготовка: тавата или лимениот плек обложете го со хартија за печење. Со сад измешајте ги јогуртот и медот па смесата истурете ја на хартијата и измазнете со лажица.
Одозгора ставете го овошјето и гранолите. Оставете во замрзнувач околу 5 часа, може и повеќе, па исечете на плочки или кршете на помали делови ако ви е попрактично.
Потоа, можете плочките да ги ставите во најлон вреќички и да ги чувате во замрзнувач.
Уживајте во рецептот на кој ќе му се навраќате :)