Доколку размислувате за промена на фризурата, но не сте сигурни што да одберете бидејќи не знаете дали ќе му прилега на вашиот облик на лице, постои една универзална фризура.
Популарна е, веќе позната, но речиси никогаш не излегува од мода - рамен боб.
Должината нека биде во висина на брадата или нешто малку подолго од тоа, а можете да го стилизирате на бројни начини.
Жените ја обожуваат бидејќи е лесна за одржување и стилизирање. Тајната е во волуменот, па дури и да имате потенка коса, со неколку трикови ќе добиете фризура од соништата. Исплетете плетенки, па расплетете ги, ќе добиете волумен. Или послужете се со фигаро. Исто така, добра опција е да го префрлите патецот на страна и на тој начин да го зголемите волуменот од едната страна, а од другата да додадете шноли и да ја направите уште повпечатлива.
Ако имате тркалезно лице, тогаш оставете предните прамени од боб фризурата да ви го стават лицето „во рамка“ и на тој начин ќе го подиздолжите.
Идеална е и за летни денови бидејќи го ослободува вратот, а ако имате кадрава коса, доволно е да ја оставите природно да ви се исуши.
Во продолжение погледнете уште неколку предлози:
фото: Пинтерест