Викенд рецепт: Потпечена паста со соини трошки

7 август 2021

Нашиот денешен предлог е посен рецепт, а вкусен. Инспирацијата ја најдовме на Инстаграм. Се работи за потпечена паста со соини трошки, а во продолжение видете како се подготвува:

Потребни состојки:

400 г паста ригатони
100 г соини трошки
700 мл доматен сос
2 лукчиња, ситно исечкани
3-4 лажици маслиново масло (може и сончогледово)
3 млади кромидчиња, ситно исечкани
сол и мелен црн пипер по вкус
1 лажичка мешан сув зеленчук
свежо исечкан магдонос за декорација

 

Начин на подготовка:

Во тенџере на оган со зовриена вода, сварете ја пастата ал денте.

Во тава на оган загрејте го маслото и пропржете го лукчето заедно со младите кромидчиња.

Во сад потопете ги соините трошки со врела вода да набабрат, а по 5 минути исцедете ги од вишокот на течност. Додајте ги соините трошки во тавата со младото кромидче.

Додајте го доматниот сос, мешаниот сув зеленчук, солта и мелениот црн пипер по вкус и промешајте. Додајте ја сварената паста и промешајте. Префрлете ја целата смеса во огноотпорен сад за печење и покријте со алуминумска фолија 

Печете во загреана рерна околу 20 минути, а потоа отстранете ја фолијата. Печете уште 7-8 минути и сервирајте со свежо исечкан магдонос.

На здравје!

Објавено:
7 август 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
293 пати