Џил Сандер по трет пат го напушта својот бренд

25 октомври 2013

Германската модна дизајнерка Џил Сандер по трет пат го напушта својот бренд, поради како што наведува магазинот Вог, приватни причини.

Седумдесет годишната дизајнерка во февруари минатата година му се врати на брендот по осум години апстиненција, за денеска повторно на јавноста да и соопшти дека поради лични побуди повторно отстапува од позицијата креативен директор.

Модната куќа која го носи нејзиното име е позната по минималистичкиот пристап во дизајнирањето на своите колекции и чистите и едноставни линии, а е основана во Хамбург во 1968 година.

Објавено:
25 октомври 2013
Категорија: 
Актуел