Миконос важи за еден од најубавите грчки острови, а воедно се смета и за идеално место за луксузен шопинг „на отворено“.
Имајќи го ова предвид, не изненадува фактот дека модната куќа „Сен Лоран“ се одлучи тука да отвори бутик, поточно во Намос.
Надворешноста на бутикот е сосема усогласена со околината, но внатрешноста е она што буди возбуда кај добрите познавачи на архитектура.
Подовите и ѕидовите се изработени од сив и бел водоотпорен гипс. Бохо естетиката карактеристична за островот е присутна и во бутикот, а видилива преку вешто украсените ѕидови со месинг конструкции, како контраст на дрвените детали и ѕидните елементи.
Еден од највпечатливите делови на продавницата е терасата, со столчиња и маси од црн и бел мермер, како и простор за седење под пергола.
Намос е популарна дестинација и поради неверојатните плажи, како и фантастични ресторани и клубови.
Инаку, „Сен Лоран“ паралелно отвори уште еден бутик на уште една егзотична дестинација - Ибица.