Сè уште супер фраер: Антонио Бандерас со партнерката на црвениот килим во Венеција

7 септември 2021

И Антонио Бандерас беше меѓу ѕвездите кои се појавија на годинашното издание на филмскиот фестивал во Венеција.

Тој на црвениот килим зачекори со својата партнерка, убавата Никол Кембел, со која е во врска по разводот со Мелани Грифит. 

Инаку, таа е од Данска и работи како консултант за инвестиции, но без разлика што животот ѝ е далеку од блицевите и црвениот килим, сепак изгледаше гламурозно и привлечно во белата тоалета која ја следи линијата на телото.

Бандерас честопати во интервјуата бил прашуван за тоа дали Никол е причината поради која завршува бракот со Грифит.

„Никол не е причината поради која се разделивме. Јас ја запознав на Канскиот филмски фестивал, но и двајцата знаевме каде сме во тој момент. Јас бев во брак, без разлика како заврши таа приказна. Никол дури еднаш ми рече да си ги решам сите проблеми, па дури потоа да видиме што ќе правиме. Кога ги потпишав докумените за развод, тогаш почнавме да се забавуваме. Првин добро се запознавме, а потоа нашиот однос продолжи во врска“, изјави актерот во повеќе пригоди.

Многумина уживаат и да ја потенцираат разликата во години, сепак мора да признаеме дека се уште е одличен фраер, а тоа го потврди и со овие фотографии.

Објавено:
7 септември 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.796 пати