Викенд рецепт: Домашно пире од костени

23 октомври 2021

Го обожаваме мирисот и вкусот на печени костени, но ништо помалку вкусни не ни се и варените. Честопати сме биле во искушение да направиме домашно пире од костени, кое е вистински есенски деликатес, но не секогаш рецептот ни изгледаше добар.

Најдовме еден интересен (и проверен), па го споделуваме со вас:

Потребни состојки: 600 гр костени, 50 гр шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 1 лажица рум, 400 мл млеко

Начин на подготовка: 

Костените засечете ги и ставете ги во врела вода на неколку минути, доволно да се отворат. Ставајте само по неколку парчиња, бидејќи потребно е да ги чистите од кората додека уште се врели.

Исчистените костени и ванилиниот шеќер ставете ги во млеко и гответе ги околу 1 час, повремено мешајќи. Додајте шеќер и рум десетина минути пред крајот, за убаво да ја пуштат својата арома.

Смесата разматете ја со миксер да добиете хомогена маса. Пирето ставете го во чинии и украсете по желба.

Објавено:
23 октомври 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
632 пати