После еден век постоење, „Вог Париз“ го менува името

27 октомври 2021

Новата главна уредничка на француското издание на „Вог“, Јужине Трошу, на официјалните страници на магазинот објави писмо со кое најави дека после 100 години постоење, списанието ќе го смени името.

Имено, „Вог Париз“ ќе се приклучи кон останатите интернационални изданија кои се именувани според земјата во која се издаваат, а не само по главниот град.

Така, отсега ќе се вика „Вог Франција“ (Vogue France).

„Од Париз до Марсеј, од Лил до Страсбург, нашиот идентитет не е врзан само на едно место, а „Во“ ги претставува сите таленти во подем“, вели уредничката.

 

Таа додава дека новото издание на магазинот треба да пристигне на 4 ноември и дека ќе биде посветено на француското културно богатство, индивидуалност и заедница, а најави и дека ќе има и други новитети.

За потсетување, Трошу летово дојде на местото на Емануелa Aлт, која беше на чело на „Вог Париз“ повеќе од 20 години.

 

Објавено:
27 октомври 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
296 пати