Овој викенд почнува Новогодишен базар

3 декември 2021

Празничните базари ги привлекуваат своите посетители со интересни содржини и весела празнична атмосфера, а оваа година во Скопје се случува една нова приказна.

Со почеток во сабота, на 4 декември, ќе блесне новата, голема елка во Skopje City Mall, што ќе го означи почетокот на нивниот празничен, новогодишен базар. По овој повод Ве покануваме сите на официјално отворање на Новогодишниот базар, оваа сабота од 19:00 часот и свечено палење на новогодишната елка.

Истата вечер од 20:00 часот настап ќе има Тамара Тодевска, со што ќе започне месецот на големиот Новогодишен базар во Skopje City Mall, предвиден како месец на убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греано вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање сеќавања.

Следниот ден, во недела, преку ден ќе има детска програма, а вечерта е резервирана за  како и со „Саут Парк“ од 18:00 часот.

17:00 DJ Skopje City Mall

19:00 Официјално отворање на базарот

19:15 Музичкиот перформанс “Писмото од Дедо Мраз”; танцов перфоманс и хорска изведба

20:00 Свечено палење на елка

20:15 Тамара Тодевска концерт

 

Секој ден, од 4 до 31 декември 2021 г., посетителите на Новогодишниот базар во и пред Skopje City Mall, ќе уживаат во различни музички, книжевни, забавни, гастрономски и куп други содржини и изненадувања, кои ќе ги задоволат барањата и вкусовите на сите посетители.

МУЗИЧКА ПРОГРАМА

Музичката програма ќе биде за сите вкусови, па во деновите што претстојат посетителите ќе имаат можност да уживаат во изведби на „Нокаут“, „Band Off“, Дац и Митевски, Дарио, Лозано, „Џанкјард“, Камерен орекстари и уште многу други, 

  • Понеделник – Електро музика
  • Вторник – Хип-хоп ден
  • Среда – Cover бендови
  • Четврток – Камерен оркестар на Битола ( Рок Симфони; Поп Симфони; James Bond; Електро Симфони )
  • Петок – Настапи на македонски музички ѕвезди
  • Сабота – Комерцијална вечер
  • Недела – Урбани cover бендови

* музичката програма почнува од 20:00 часот (освен недела од 18:00 часот)

** секој ден од 17:00 – 20:00 часот резидент диџеј

 

ДЕТСКА ПРОГРАМА

Секоја Среда од 08.12.21

19:00 Читање новогодишни приказни / II кат Skopje City Mall

Секоја Сабота од 11.12.21

11:30 Новогодишна претстава / Cineplexx (со претходно подигнување на карти на инфо пулт, од петок до недела)

13:00 театарска претстава / Новогодишен базар пред Skopje City Mall

18:00 Читање новогодишни приказни / II кат Skopje City Mall

Секоја Недела од 05.12.21

11:30 Новогодишна претстава / Cineplexx (со претходно подигнување на карти на инфо пулт, од петок до недела)

13:00 Златно славејче / Новогодишен базар пред Skopje City Mall

14:00 Театарска претстава / Новогодишен базар пред Skopje City Mall

18:00 Читање новогодишни приказни / II кат Skopje City Mall (Од 12.12.21)

 

Објавено:
3 декември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
281 пати