Модната дизајнерка Викторија Бекам и брендот „Рибок“ ги здружија креативните сили по шести пат. Колекцијата е инспирирана секако од спортот, но и патувањата на дизајнерката во Америка и НБА лигата.
Едноставност и флексибилност се во основата на парчињата, наменети за секојдневни активности, со што се спојува спортот со модата.
„Креирањето на новата колекција секогаш го започнувам со изборот на клучно парче облека кое е карактеристично за одреден спорт. Во минатата колекција беше фустанот за тенис, а во оваа тоа се кошаркарските шорцеви и тренерки со широки ногавици инспирирани од моите патувања во Америка. Мојата винтиџ облека има исто така голема улога при создавањето на секоја нова колекција. На пример, една од јакните е направена по пример на една од моите омилени јакни и ја прилагодивме, така што може да се носи во текот на целиот ден“, вели Бекам.
А како тоа изгледа преточено во готов производ, погледнете во продолжение: