Добитен моден пар: 10 комбинации со блејзер + хеланки

6 април 2022

Лежерен и елегантен изглед во една комбинација може да постигнете со актуелниот добитен моден пар: блејзер и хеланки (се разбира доколку ова парче облека соодветно одговара на вашата конституција).

Оваа сезона меѓу трендовите се враќа ретро моделот на хеланки со ластик, па ова модно парче може да го искористите како еден од двата клучни сегменти во оваа стилска комбинација.

Од една страна, со хеланките се постигнува удобен и лежерен изглед, а од друга блејзерот дава поелегантна нота, па со тоа ваква комбинација може да ја имате во предвид за различни прилики.

Овој спој може соодветно да го надополните со патики или високи потпетици, со што веќе добивате сосема различни изгледи, едниот спортски, а другиот женствен и софистициран.

Одберете блејзер со малку поширок крој за да постигнете баланс во изгледот, а колку повпечатлив дезен, принт или боја – толку повпечатливо.

Селектиравме 10 ултра модерни комбинации што вклучуваат хеланки и блејзер, за да ви дадеме идеја плус како може да ги искомбинирате во вашиот личен стил.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
6 април 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.742 пати