Ако се двоумите помеѓу блејзер и фустан, зошто не и двете?
Ова е добитна комбинација во различни прилики, соодветна и за деловен ручек и за коктел забава после ручекот. Со спојот на овие две парчиња добивате мултифункционален аутфит – спој на елегантен, женствен и софистициран изглед.
Исто така ваквата комбинација ќе ви поедностави и во ситуација кога после работа сте договорени на кафе со пријателите, па вашиот изглед од деловен во романтичен или кежуал, се „трансформира" откако ќе го соблечете блејзерот и акцентот ќе го ставите на фустанот.
Добредојдена е и различна комбинација на материјали и дезени, со што ќе постигнете уште повпечатлив ефект. Така на пример може да одберете монохроматски блејзер и да го комбинирате со тантелен фустан.
Во фото галеријата во продолжение селектиравме различни комбинации на блејзер со фустан, меѓу кои веруваме ќе го пронајдете вашиот фаворит.
Фото извор: Пинтерест