Се породи Ријана

19 мај 2022

Се породи поп ѕвездата Ријана. Таа и нејзиниот партнер, Ејсап Роки за прв пат станаа родители и му посакаа добредојде на нивното прво дете, пренесува Вог.

Како пишуваат светските медиуми, Ријана на свет донела здраво машко бебе на 13 мај во една од болниците во Лос Анџелес, но се до денеска информацијата не беше официјализирана.
Инаку Ријана речиси целата бременост ја држеше во тајност. Светот дозна дека е во блажена состојба во последните месеци.

Неодамна во интервју за Вог изјави: Тие ќе ме научат мене многу повеќе, отколку што јас ќе ги учам нив... (мислејќи на нејзините идни деца). Истовремено, Ријана е на насловната страна на мајското издание на Вог на чии страници е и фантастичната фотосесија што ја направи легендарната Ени Лебовиц.

Објавено:
19 мај 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
555 пати
Тагови: 
Ријана бремена