Венчавка за Гинис без ниедна невеста

1 ноември 2013

Младоженците од Јемен облечени во традиционална носија за свадбена церемонија, се собраа на групна венчавка,но без своите невести. Според старата муслиманска традиција која се применува во оваа земја, жените имаат одвоена свеченост. Паровите се сретнуваат подоцна во текот на ноќта, а во некои од случаите тогаш се запознаваат првпат, што не е редок случај зашто многуте бракови во Јемен се договорени.

Овој пат во престолнината Сани беше организирана масовна венчавка на 4000 парови, а церемонијата чинеше  шест милиони евра спонзорирани од поранешниот емир Катара Хамад Ал Тани. Целта на ваквиот начин на организирање на венчавки е поради запишување на овој рекорд во Гинис.

Фондацијата на екс емирот ја потпомогна оваа необична венчавка за сите парови што немаат семејства што би им ја овозможиле церемонијата. Инаку, во Јемен свадбите се многу скапи, а младоженецот исто така треба да ја плати невестата на нејзиното семејство.

 

Малдоженецот и неговиот татко ги делат трошоците за плаќање на невестата, кои изнесуваат околу 3500 евра, а од нив се очекува да ги преземат и трошоците за венчавката.

Објавено:
1 ноември 2013
Категорија: 
Бела соба