Предноста на овој моден додаток е тоа што е едноставен, но корисен и ефективен. Може да се носи на различни начини, да ја смири бујната коса или пак да ѝ дадат волумен на рамната коса. Лентите одлично се вклопуваат во спортски или лежерен изглед, а во тренд се оние со златни или сребрени детали. Може да го зголемат ефектот на вашите кадрици, да дадат природен изглед на вметоците или пак, да се носат како додаток на шарениот хипи-стил.

Доколку мислите дека стандардниот изглед на траката ве прави да изгледате како ученичка, тогаш најдобро би било да ја поместите понапред кон челото или да ја врзете на поразличен начин од стандардниот. Исто така, доколку не сте голем фан на шопингот или не можете да си дозволите постојано да ја обновувате гардеробата, тогаш најдобро решение би било да набавите повеќе ленти и со тоа да искомбинирате различни стилови за повеќе пригоди.

Објавено:
18 мај 2013
Категорија: 
Модни додатоци