Домот е центарот на нашиот свет и инвестирањето во неговиот пријатен амбиент, значи поубаво секојдневие.
Некогаш потребна е само мала интервенција за да постигнеме значително подобар ефект во ентериерното уредување на домот, а таквата магична моќ ја имаат деталите.
И токму на оваа тема е нашиот денешен предлог, доколку сте на мисла да внесете свежина во домашниот декор.
Перничиња во форма на бисквит се новиот хит на интернет. Симпатични и впечатливи, со досетлив ретро дизајн кој ќе ве потсети на детството.
Достапни во кружна и квадратна форма, во нијанса на беж, розово, сиво и темно чоколадо, може да ги искомбинирате во било кој дел од домот: како перничиња за седење поставени на столовите во трпезаријата или како забаван декор во детската соба.
Меки и пријатни, а дополнително и впечатливи – интересна опција доколку сте за доза забавна естетика во вашиот секојдневен простор.
Фото: Etsy