Модни бои кои ќе ги носиме следната сезона

22 август 2022

Иако летната еуфорија сè уште не ни дозволува ниту ра размислуваме на враќањето на есенската гардероба во употреба, модниот свет се чини дека никогаш не чека и веќе ги одредува трендовите кои ќе владеат во сезоната што допрва доаѓа.

Се чини дека кон крајот на оваа година и почетокот на следната, студените месеци нема да бидат завиени во темни и безживотни бои како што сме вообичаено навикнати да гледаме. Модните дизајнери со своите колекции за есен/зима 2022/2023, веќе ги најавија модните бои кои ќе се носат во претстојниот период, па така веќе сме возбудени за сета експлозија од живописни и енергични бои кои не очекуваат на есенските и зимските рафтови во нашите омилени бутици.

Ова се тие:

Капучино-беж

Контрастната алтернатива на безвременскиот црн изглед ќе се постигне со оваа нијанса, која наместо да ја затемни вашата силуета, ќе ја осветли и ќе внесе нова свежина, нетипична за студените месеци.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

 

Зелена и кафена

Бојата на чоколадото и дрвото ќе ја оживееме со најинтензивната и моќа зелена нијанса.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

 

Нежен ирис

Не е толку интензивна како виолетовата, ниту пак премногу светла, но е суптилна нијанса што може да се комбинира со повеќе различни бои, а особено ќе се истакне во комбинација со потоплата кафена палета.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

 

Крем бела боја

Претстојните есенски и зимски месеци ќе се обвиеме во неодоливиот сладок тон на крем белата боја.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

 

Моќни монохроматски опции

Сензуални, моќни и впечатливи - во претстојните студени месеци ќе внесеме жичка пламен со силните бои како жешката розова и црвена боја.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

 

Новите неутрални нијанси

Бојата на кожа и неутралните беж нијанси се совршени за секојдневните комбинации, овозможувајќи ни да го напуштиме целосното црно кога сакаме да постигнеме префинет и храбар дневен изглед . Дополнително, некои од овие нијанси кои даваат илузија на „гол изглед" постигнуваат неверојатен сензуален ефект.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

 

Темна сино

Темната сина боја е изборот за темна дневна униформа со која ќе се избега од црната. На тој начин повтпрно се постигнува класичниот и елегантен темен изглед, но во основа имаме сина боја со која внесуваме живост во целосниот изглед.

Фото: Vogue Фото: Vogue Фото: Vogue

 

Небесно сина

Свежата и светла нијанса која обично ја носиме во топлите сезони, ќе воодушеви за време на претстојните студени месеци.

Фото: Vogue Фото: Vogue Фото: Vogue Фото: Vogue

Објавено:
22 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.103 пати