Модна географија

10 декември 2022

На мапата на светската модна сцена, неколку клучни држави имаат посебна традиција во негувањето на модниот дизајн како уметност, како бизнис, индустрија, како начин на живот кој поставува стандарди во многу поширок контекст од сфаќањето "мода е облеката што ја носиме".

Соединетите Американски Држави
Поголемиот број на Американски модни куќи се лоцирани во Њуjорк , иако значителен број има и во Лос Анџелес , каде што се произведува голем процент од облеката од високата мода во САД. Исто така постојат растечки индустрии во Мајами , Чикаго а особено во Сан Франциско. Модниот дизајн во Америка доминира со јасен, урбан, лежерен стил одразувајќи го атлетскиот, здрав животен стил на американските граѓани. Креаторката Клер Мек Кардел помогна при воведувањето на трендот за дневна спортска блека во САД во текот на 1940 / 50 тите години. Многу од нејзините дизајни повторно беа вратени во мода во последните децении. Уште поголемо влијание врз изгледот на Американците имаа Калвин Клајн, Ралф Лорен, Вера Ванг, Ана Суи, Дона Каран, Том Форд, Лакван Смит, Кенет Кол, Марк Џејкобс, Тори Бурч, Ели Тахари, Мајкал Корс, Бетси Џонсон и Томи Хилфигер.

 

Велика Британија
Лондон долго време бил престолнина на модната индустрија во Обединетото Кралство и има голем избор на странски дизајни кои се вклопија со модерните Британски стилови. Типичниот Британски дизајн е елегантен , но во последно време стана невообичаен , спојувајќи ги традиционалните стилови со модерни техники. Помеѓу најзначајните модни креатори во Обединетото Кралство се : Барбери, Пол Смит, Вивиен Вествуд , Стела Мекартни, Џон Галијано, Џеспер Конран и Александар Меквин.

Франција
Повеќето француски модни куќи се лоцирани во Париз важи за престолнина не само на француската, туку и на светската мода. Традиционално, тамошната естетика е шик и модерна, дефинирана со префинетост, стил и елегантни модни додатоци. Помеѓу многубројните париски модни куќи се Балман , Ермес, Луј Витон, Шанел, Ив Сен Лоран, Кристијан Диор, Живанши.

Италија
Милано е Италијанска престолнина на модата. Италијанската мода се карактеризира со лежерна елеганција облечена во луксузни ткаенини. Првиот италијански луксузен бренд бил Фиренчанецот Салваторе Верагамо ( извезувал прекрасни рачно изработени чевли во САД уште во 1920 година ) кој е меѓу најпознатите ексклузивни модни имиња. Гучи е најдобро продаван италијански моден бренд и трет најдобар во светот со остварени 7 158 милијарда долари од продажбата во светот. Други познати италијански модни креатори се Валентино Гаравани, Долче и Габана, Ботега Венета, Етро, Емилио Пучи, Роберто Кавали, Версаче, Џорџо Армани, Фенди, Борбонесе, Прада, Лоро Пиана, Библос , Алберта Ферети, Мошино, Ерменегилдо Зенга, Ла Перла , Агнона, Лаура Биагиоти, Ланчети, Ајсберг, Карло Пигнатели , Мила Шон, Роберта Ди Камерино, Солидеа, Крициа, С. Ник Баруа, Трусарди и Мисони.

Јапонија
Повеќето јапонски модни куќи се лоцирани во Токио. Јапонскиот стил е слободен и некомвенционален (како резултат на комплицирано кроење ), боите се темни и суптилни, а материјалите се со богата текстура. Познати јапонски дизајнери се Јоџи Јамамото, Кензо, Иси Мијаке ( маестрално правање на дипли и кроење ), Реј Кавакубо која разви нов начин на кроење (слично на иновациите на Меделин Вајонет во 1930-тите години).

 

Објавено:
10 декември 2022
Категорија: 
Стории
Прочитано:
523 пати