Марго Роби предводник на новиот тренд - фустан со качулка

20 декември 2022

Модните трендови постојано се менуваат, а тоа најмногу може да се забележи на црвениот тепих. Таков еден тренд, од неодамна, е присутен помеѓу познатите. Станува збор за фустанот со качулка што Марго Роби гордо го носеше на премиерата на Babylon.

Без разлика што велат критичарите, овој аутфит носи гламур на еден специфичен начин. Иако многу потсетува на едно парче што Кајли Миног го носеше на спотот за песната Can't Get You Out of My Head од 2001 година, сепак може да се каже дека е несомнено специфичен тренд.

Токму таа специфичност ги поттикна дизајнерите да ја вклучат качулката во своите најнови колекции. Јавноста веќе имаше прилика да го види овој старо-нов тренд на неколку ревии од модните куќи на Версаче, Алберта Ферети, Ферагамо и Том Форд.

Не смееме тука да го изоставиме Ив Сен Лоран кој слична качулка прикажа уште во 60-те, средината на 80-те и почетокот на новиот милениум.

Помеѓу обожавателки на фустанот со качулка можеме да ги издвоиме Оливија Вајлд, Бела Хадид, Ријана, Кејти Холмс, Сабрина Карпентер, Теса Томпсон и секако прекрасната Марго Роби што му даде буквално нов живот на изданието.

Фото: Instagram, Pinterest

Објавено:
20 декември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
463 пати