Кои фустани оставија најголем впечаток на црвениот тепих на Златните глобуси?

11 јануари 2023

Сезоната на наградување и официјално е отворена. Вчеравечер во Лос Анџелес се одржа јубилејното, 80-то издание на престижните филмски награди Златни глобуси, манифестација која важи за релевантен прогнозер за тоа каков амбиент може да очекуваме на Оскарите. По една година пауза поради обвинувањата за дискриминација и расизам, настанот сега повторно имаше телевизиски пренос, се разбира во пакет со гламурозниот црвен тепих.

Вечер на Стивен Спилберг

Ноќ за паметење за Стивен Спилберг. Покрај тоа што беше прогласен за најдобар режисер, неговото автобиографско остваурвање „The Fablemans", ја освои наградата за најдобра драма.

Од друга страна, во категоријата за најдобра комедија и/или мјузикл, триумфираше филмот „The Banshees of Inisherin" кој воедно ја освои и наградата за најдобро сценарио. За најдобар анимиран филм е прогласен „Guillermo del Toro's Pinocchio", а за странски филм „Argentina, 1985".

Гламур и младешка енергија на црвениот тепих

Црвениот тепих ја поседува моќта да ги збогати со уште повозбудлива содржина овие и онака гламурозни манифестации. Затоа, големото внимание насочено на таа скапа црвена патека, е и повеќе од заслужено. Годинава е интересно тоа што не доминираше ниту една боја, па богатиот колорит и во однос на боите и во однос на стиловите, е една од карактеристиките што го обележаа црвениот тепих.

Многумина се израдуваа на повторното враќање на Ријана која донесе авангардна енергија во фустан од Скајпарели. Младата актерка Џена Ортега, која се прослави со улогата на главната хероина во мега популарната серија „Wednesday" и која го присвои стилот на готик девојка од нејзиниот карактер во серијата, овојпат ја видовме во романтична тоалета од Гучи во пастелна нијанса, која воедно и предизвика најголемо внимание.

Ријана - Скјапарели

Џена Ортега - Гучи

Марго Роби беше меѓу највпечатливите во елегантен розов фустан од Шанел, а Селена Гомез го потврди својот статус на модна икона од новата генерација, во елегантна тоалета од Валентино.

Уште малку модна магија низ фотографиите во продолжение.

Марго Роби - Шанел

Селена Гомез - Валентино

Марго Роби - Шанел

Вајола Дејвис - Џејсон Ву

Хилари Свонг - Прада

Селена Гомез - Валентино

Лили Џејмс - Версаче

Џулија Гарнер - Гучи

Ана де Армас - Луј Витон

Ања Тејлор - Диор

 

Фото: Инстаграм, Vogue

Објавено:
11 јануари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
921 пати