Модна математика: Изгледајте супер комбинирајќи ги овие парчиња од 90 – тите

8 ноември 2013

Со оглед на тоа дека неодамна заклучивме дека модата од 90 – тите се враќа на голема врата, решивме да ви понудиме неколку комбинации со парчиња од 90 – тите.

Дека модата од тие години остана „непрежалена“, се гледа и по новите парчиња што ги создаваат дизајнерите ширум светот и кои неодоливо потсетуваат на омилените наши години.

Широките џемпери со интересни принтови, цветните дезени, лесните фустани на прерамки што обожававме да го носиме врз ролки, се само дел од парчињата чие постоење повторно се слави.

Иако во оваа модна математика може да се забележи присуството на некои модернистички парчиња, сепак, овие комбинации многу потсетуваат на најубавите денови од омилените 90 – ти и ние со радост повторно ги прифаќаме во нашиот плакар.

Објавено:
8 ноември 2013
Категорија: 
Тренд