Посен, чоколаден куглоф готов за 30 минути

11 март 2023

Во овој период многумина се одлучуваат за посна храна, а тука спаѓаат и посните десерти.

Затоа, овој викенд се одлучивме за посен, чоколаден куглоф, готов за 30 минути.

Потребно ви е:

480 грама брашно
• 120 милилитри сончогледово масло 
• 90 г. какао
• 300 г. шеќер 
• 2 лажици прашок за пециво 
• 1 лажица сода бикарбона
• 1/2 лажичка сол
• 1 лажичка оцет
• 1 ванила
• 400 г. топла вода 

Начин на подготовка

Ставете ги сите цврсти состојки брашното, какаото, ванилата, шеќерот, содата и солта во длабок сад и измешајте ги со лажица.

Потоа додадете го маслото, оцетот и на крајот зовриената вода. Добро измешајте додека сите состојки не се соединат.

Подмачкајте го калапот за печење и печете ја смесата 30 минути во добро загреана рерна на 180 степени.

По желба, можете да го декорирате куглофот со растопено чоколадо, откако ќе се излади.

Фото: Pinterest

Објавено:
11 март 2023
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
881 пати