Балканската ѕвезда Лидија Вукичевиќ во ЕЛЕНА ЛУКА - финални подготовки за премиерата на Обвинителка

28 март 2023

Големата балканска актерска ѕвезда Лидија Вукичевиќ пристигна во ателјето на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје. Прекрасната дама која која публиката ја познава по култните серии Бољи живот и Жикина Династија за својот следен проект соработува со нашиот етаблиран моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА.

Восхитена од посетата на ателјето, од каде што го одбра и фустанот што ќе го носи во новата претстава, Лидија покрај тоа што не почести со своето присуство, даде и кратка изјава за соработката со нашиот етаблиран бренд.

Во моментов се наоѓам во ЕЛЕНА ЛУКА и ова што го гледам е фантастично - еден од најубавите салони што сум ги видела во животот. Не само што изгледа убаво, тука и луѓето се прекрасни, и има навистина што да се види. Вакви фустани како што гледам во моментов, не сум видела ни во Белград. За тоа мора да се честита. А мојот фустан е посебен, ја дава онаа завршница за улогата што ќе ја играм во преставата.

Ги погледнав речиси сите креации што ги имаше во ЕЛЕНА ЛУКА и сите беа феноменални. Костимот мора да се прилагоди на улогата и не смее да го оптерети актерот. Фустанот што ги видов и што вие го предложивте ќе ми ја обезбеди токму потребната функција за на сцена. Го облеков и чувствувам дека е навистина скроен за мене, и за оваа улога.

За одличната соработка помеѓу Вукичевиќ и ЕЛЕНА ЛУКА зборуваше и Елена Пандева генерален менаџер и сопственик на брендот:

Секогаш ми е драго кога работам на костимографија за театарска претстава, затоа што сцената навистина е предизвик, дозволува голема имагинација и артистично интерпретирање на темата која се обработува. Но, сцената бара максимална посветеност на секој сегмент од изработката на костимот што пак треба да исполнува бројни критериуми. Со најголемите ѕвезди е најлесно да се соработува. Со Лидија со само една проба, успеавме да го пронајдеме совршениот костим за неа, односно за главната улога која таа ја толкува во претставата Обвинителка.

Таа уште при првиот контакт ја препозна професионалноста на ЕЛЕНА ЛУКА која зад себе има бројни интернационални сценски проекти, и долгогодишно искуство и со комплетна доверба се препушти на нашата работа. Најзначајните криетируми за секој актер на сцена во однос на костимографијата, е костимот, пред се, да не го оптеретува, едноставно да се фокусира на својот дел од работата, а од друга страна да го оживее ликот што го толкува.

Лидија Вукичевиќ ја има главната улога во новата театарска претстава Обвинителка чиј автор е Огнен Неделковски, а режисер и продуцент е актерот Сашо Ристовски.

Покрај Вукичевиќ на сцената ќе ги видиме нашите познати актери Магдалена Ризова и Сашо Ристовски.

Сценографијата е доверена на Крсто Богојевски, а музиката за претставата е дело на талентираниот и популарен музичар Мишел Трајковски. Комедијата со порака својата премиера ќе има во Театар Штип на 29.03.2023 со почеток во 20 часот.

Потоа следуваат репризни изведби во Куманово, Охрид и Битола.

Претставата е поддржана од: Министерство за култура, Почесен козулат на Република Србија со седиште во Охрид, Центар за култура ,Ацо Шопов - Штип, НУ Музеј на македонската борба за самостојност и од компаниите: ЕЛЕНА ЛУКА и Тикен Холдиг.

 

Објавено:
28 март 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.803 пати