Во штипскиот театар вчера премиерно беше прикажана преставата Обвинителка.
Балканската ѕвезда Лидија Вукичевиќ блесна на сцената во креација на ЕЛЕНА ЛУКА, а покрај неа ги видовме и нашите познати актери Магдалена Ризова и Сашо Ристовски кои исто така носеа костими од нашиот реномиран бренд.
Актерите маестрално ја одиграа претставата на големо задоволство на присутните во салата, а крајот го закити и еден свечен момент кога колегите ја изненадија Маги за нејзиниот 30 годишен актерски јубилеј.
Тројцата актери беа презадоволни од претставата и прифатеноста на публиката.
Сашо
Како сте задоволни од реакциите на публиката?
Тоа што го пративме преку порака, по патот на сатирата, публиката го препозна. Штипската публика е посебна публика. Ако една претстава помине во Штип поминува секаде. Сакам да се заблагодарам на тие што не поддржаа, особено на ЕЛЕНА ЛУКА. Кај нив постои чусвството за театар што мене ми е посебно мило. Костимот е второто лице на театарот и од особено значење е ако е направен по мерка, ЕЛЕНА ЛУКА го има токму тој сенс за театар.Костимите имаат исклучително значење за оживувањето на ликовите, а ЕЛЕНА ЛУКА со своето долгогодишно искуство на сценска костимографија успеа маестрално да го долови ликот на секој актер.
Зошто публиката треба да ја погледне претставата?
Затоа што тоа е претстава на ситуации, зборува за нешто што се случува на целиот регион. Сатирата во претставата праќа порака да се потсетиме на тоа што нè мачи. Се вели дека со пари сè се може, но јас нема да се согласам.
Лидија
Како беше да се соработува со Маги и Сашо?
Маги и Сашо се добри луѓе и мои пријатели и со нив работатата е задоволство. Си помагаме едни на други, соработуваме. Претставата е тимска работа, а без добар тим немате ништо. Обвинителка го отсликува општеството, сатирата зборува за тоа дека речиси секаде се присутни мито и корупција.
Сакам само уште еднаш да се заблагодарам на ЕЛЕНА ЛУКА за прекрасната соработка, за одличните костими. Тоа што го видов во нивното ателје, морам да признаам, беше навистина уникатно и оригинално и посакувам само успеси и дај боже и понатамошни соработки.
За одличната соработка со актерите и ЕЛЕНА ЛУКА зборуваше и Елена Пандева генерален менаџер и сопственик на брендот:
Секогаш ми е драго кога работам на костимографија за театарска претстава, затоа што сцената навистина е предизвик, дозволува голема имагинација и артистично интерпретирање на темата која се обработува. Но, сцената бара максимална посветеност на секој сегмент од изработката на костимот што пак треба да исполнува бројни критериуми. Со најголемите ѕвезди е најлесно да се соработува. Со Лидија со само една проба, успеавме да го пронајдеме совршениот костим за неа, односно за главната улога која таа ја толкува во претставата Обвинителка.
Маги
Маги колегите ви приредија изненадување за фантастични 30 години кариера...
Да. Искрено морам да признаам дека бев изненадена. Всушност признанието дојде четири дена порано. На први април пред 30 години ме примија да работам во театар и не очекував дека денес, на премиерата ќе се случи ова. Уште сум превозбудена, полна со емоции, 30 години се многу, но брзо ми летнаа. Ова е моја 76-та премиера. Убавината на комедијата е тоа што дозволува и импровизација на сцената и затоа и публиката сака такви работи.
Претставата е поддржана од: Министерство за култура, Почесен козулат на Република Србија со седиште во Охрид, Центар за култура ,Ацо Шопов - Штип, НУ Музеј на македонската борба за самостојност и од компаниите: ЕЛЕНА ЛУКА и Тикен Холдиг.
Сценографијата е доверена на Крсто Богојевски, а музиката за претставата е дело на талентираниот и популарен музичар Мишел Трајковски.
Следните изведби ќе бидат во Куманово, Охрид и Битола.