Стилски двобој: Гвинет Палтроу или Мулен Клас?

12 ноември 2013

Станува збор за црн фустан од Мајкл Корс од пролетно/летната колекција за 2013 година.

Во Октомври на доделувањето на Golden Heart Award во Њујорк, Гвинет Палтроу се појави во креација на Мајкл Корс со геометриски детал на предниот дел. Црниот фустан со должина до колената го надополни со црна алка, прстен, црна клач чанта и бели чевли.

Недела дена подоцна, тв презентерката и музичарка Мулен Клас носеше слична креација на доделувањето на Olivier Awards во Лондон со таа разлика што фустанот беше долг, а не до колена. Елегантниот фустан допринесе Мулен да изгледа софистицирано и женствено истовремено, па токму поради тоа недостатокот од модни додатоци не претставуваше голем проблем.

Сега вие сами одлучете која верзија од фустанот на Макл Корс повеќе ви се допаѓа.

Објавено:
12 ноември 2013
Категорија: 
Стилски двобој