Дуа Липа во црн асиментричен фустан заедно со партнерот во Кан

20 мај 2023

Откако веќе привлече внимание со винтиџ фустанот на Шанел на Мет Гала, Дуа Липа продолжува со модните погодоци.

Овој пат пејачката се појави во црн асиметричен фустан со висок шлиц и отвори што суптилно откриваат делови од телото.
Елеганција со доза на провокативност е она по што фановите ја препознаваат Липа и токму тоа што за оваа прилика поп ѕвездата го одбра.

Црниот фустан на едно рамо, Дуа,27, го комплетираше со црни сандали со потпетица.
Делот кој што најмногу привлече внимание, покрај шлицот, беше голиот грб на пејачката, што му даде нишка на сензуалност на свечениот аутфит.

Покрај привлечниот изглед на пејачката, вниманието на присутните го привлече и мажот кој ја држеше за рака. Станува збор за новото момче на Липа, францускиот режисер Роман Гравас, со кој за прв пат беше видена на ревијата на Сан Лоран за време на модната недела во Париз.

Гравас е инаку поранешно момче на Рита Ора.

Последниот моден проект на Дуа Липа се очекува на 23 мај, а тоа е заедничката летна колекција на пејачката и Донатела Версаче насловена како "La Vacanza".

Фото:Getty

Објавено:
20 мај 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.548 пати