Сите навиваме за Славица Ангелова - единствената Македонка во финалето на „Ѕвездите на Гранд“

23 јуни 2023

Талентираната Славица Ангелова од Струмица, е единствената Македонка која успеа да се пласира во финалето на „Ѕвездите на гранд". Да ѝ ја дадеме сите нашата поддршка!

Со фантастична изведба на „Ти" од Александра Ковач и „Пази се" од филмот „Јужен ветер", Славица Ангелова оствари огромен успех и се пласираше како единствена претставничка на Македонија во финалето на „Ѕвездите на Гранд"!

Оваа сабота, 24 јуни, резервирајте си го терминот 21 часот – Сител ТВ и најдоброто друштво, за заеднички да ја бодриме нашата Славица Ангелова, вонсериски редок талент и единствената претставничка на Македонија во финалето на „Ѕвездите на Гранд".

Нашата Славица под менторство на Ѓорѓе Давид, успеа да се пласира меѓу најдобрите на најгледаното музичко шоу во регионот, а сега ѝ е и повеќе од потребна нашата најголема поддршка за да се искачи на самиот врв – местото каде заслужува да биде!

Финалето ќе се емитува утревечер во живо, на Сител ТВ, а публиката ќе има можност да гласа според инструкциите што ќе бидат објавени во емисијата, по смс порака.

За Славица секоја ваша поддршка е од ОГРОМНО значење!

За нејзиниот талент нема граница! Да ѝ ја дадеме сите заслужената поддршка!

Стилска ретроспектива – Славица блеска на сцената во ЕЛЕНА ЛУКА

На нејзиното музичко патување на големите регионални сцени, секогаш изгледа беспрекорно и светски благодарение на долгогодишната соработка со етаблираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА.

Вонсерискиот глас на младата струмичанка Славица Ангелова, која паралелно е и студентка на медицина, ја однесе на најголемите регионални сцени и не требаше многу време за да стане миленичка на балканската публика. Ја запознавме како талентираното девојче кое блесна на детското талент шоу „Неке нови клинци", за низ годините да созрее во вистинска голема надеж на регионалната музичка сцена, настапувајќи и на сцената на светското шоу „The Voice", а сега е актуелна со големиот успех што го остварува на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд" каде веќе се пласираше меѓу најдобрите и успеа да стигне до самото финале, под менторство на Ѓорѓе Давид.

На нејзиното музичко патување на големите регионални сцени, секогаш изгледа беспрекорно и светски благодарение на долгогодишната соработка со етаблираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА.

 

Ултра модерни, впечатливи и моќни сценски аутфити потпишани од ЕЛЕНА ЛУКА, ја имаат клучната улога во визуелното доживување на сцената и секоја музичка приказна на Славица, ја прават комплетна.

Од елегантни и безвременски, црни макси тоалети до авангардни и неконвенционални аутфити, што го носат духот на светската поп сцена, во продолжение издвојуваме дел од највпечатливите сценски изгледи на Славица потпишани од светската, а наша ЕЛЕНА ЛУКА.

 

Огромна благодарност до пријателите и соработниците без кои ова патување до врвот нема да биде комплетно:

ЕЛЕНА ЛУКА, светска, а наша – најпознатиот македонски моден бренд кој создава модна магија на сцена!

Тандемот Ана Нага и Hair gallery by Alex - за секогаш уникатните шминка и фризура

Ѓорѓе Давид, најдобриот и најпосветен ментор, за целата максимална поддршка и секоја научена лекција.

Нејзиното време допрва почнува!

 

Објавено:
23 јуни 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.865 пати