Џеј Ло знае како да приреди добра забава. Латино дивата пред неколку дена го прослави својот 54-ти роденден со пријатели, малку танцување на маса, секси фотографи во бикини и честитки од сите страни.
Таа ги воодушеви своите фанови на Инстаграм со нејзиното позитивно расположение и секако одличната фигура што опасно им конкурира на многу помладите колешки.
Џенифер внимава на своето тело и е многу посветена на специјална фитнес програма.
Во една прилика Лопез изјави дека на жената не треба да ѝ се каже: Одлично изгледаш за твоите години. Според неа годините не треба да се споменуваат. Едноставно кажете: Одлично изгледаш.
На фотографиите гледаме многу пријатели на ѕвездата, но недостасува нејзиниот сопруг Бен Афлек.
Џеј Ло носи бел светкав фустан со гол грб, а ја гледаме и во бикини, впечатлив накит и шешир.
Фото: Instagram