Американско-кубанската пејачка Камила Кабејо со својата последна фотосесија за потребите на магазинот Ellen Von Unwerth е дефиниција за сексапил.
Дваесет и шест годишната темнокоса девојка реши да позира топлес криејќи ги градите со рацете и заведувајќи со погледот.
На фотографиите кои Камила ги објави на Инстаграм пејачката позира во неколку различни стајлинзи.
Ја гледаме во проѕирна црна наметка, во бела тоалета со тул, како и тиркизен блејзер со црни додатоци и кратки панталони комбинирани со тиркизен шешир.
Камила позира и во корсет обложен со бисери заедно со бисерен чокер и црни кадифени ракавици над лактот.
Таа само се приклучува на трендот од топлес фотографии и проѕирни стајлинзи што познатите веќе го наметнаа сезонава.
А како изгледа Камила во своето досега најсекси издание, во продолжение.
Фото: Instagram