Наместо класични балетанки – овој модел е популарната замена

5 август 2023

Поради нивниот практичен дизајн и леснотијата што ја овозможуваат при движењето, балетанките се меѓу омилените обувки независно од тенденциите.

Но, како и секој сегмент во модниот свет, така и овој модел на чевли добиваат свои различни верзии што ги прават уште поатрактивни на пазарот.

Сезонава веројатно се и меѓу најпопуларите, мрежестите модели и оние изработени од други транспарентни материјали.

Зачекорија на писта на модното шоу на Alaia и ги освоија симпатиите на публиката, па меѓу нивните фанови се најдоа и Џенифер Лоренс, Софи Ричи и Елза Хок, како и бројни трендсетерки и блогерки.

Така се наметнаа како тенденција која лесно се комбинира во лежерните летни аутфити.

Фото: Пинтерест

 

 

Објавено:
5 август 2023
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
889 пати
Тагови: 
балетанки