Кои бои ќе бидат актуелни оваа есен?

16 август 2023

И додека летото е уште тука, а се надеваме дека ќе потрае и следниот месец, вистинско време е да видиме кои бои ќе преовладуваат во сезоната што следи. Есента сама по себе е препознатлива по одредени нијанси, но сепак да ги видиме модните прогнози.

Слонова коска

Крем нијансите, слоновата коска и снежно белата ќе бидат можеби најголем хит за есенската сезона. Овие бои го пратат тивкиот луксуз за којшто можеме да кажеме дека безвременски тренд. 

Сите нијанси на сива

Есента не може да се замислиме без класичната сива боја, која секако ќе ја гледаме на монохроматските одела и капутите во различни дизајни.

Лимон боја

Иако лимонот асоцира на лето, сепак неговата топла нијанса ќе ја носиме и во есен. Еден блејзер во лимон боја или детали коишто ќе го истакнат вашиот есенски аутфит, ќе бидат доволни да оставите моден впечаток.

Впечатлива портокалова

Ова е бојата на есента, на јапонските јаболка и на лисјата што паѓаат. Фустаните во портокалова нијанса ќе бидат вистински хит, па не е лошо да размислите за таква инвестиција.

Магента

Можеби најголемо изненадување кога станува збор за есенските бои е магентата. Барбикор е сè уште актуелен, но овде зборуваме за малку поинаква, посилна боја. Доколку не сте за монохроматски комбинации, доволен е само еден шал или потпетици во магента тон и го имате есенскиот тренди look.

Фото: Pinterest

Објавено:
16 август 2023
Категорија: 
Тренд