Предлог викенд дестинации во Македонија

18 август 2023

 

За сите оние кои сакаат да ја истражат Македонија, еве каде можете да поминете дел од својот викенд: 

Смоларскиот водопад

Смоларскиот водопад е највисокиот водопад во нашата земја, 39,5 метри, и се наоѓа над селото Смоларе во Ново Село. Прекрасниот пејзаж што ќе ве пречека овде е вистинско уживање.

Винаријата Тиквеш

Покрај доброто вино, овој предел ја има можеби најдобрата клима под нашето небо. Тука може да се почувствуваат медитерански долги и топли лета. Регионот е заштитен со планини од три страни коишто ги штитат лозите од продор на северни ветрови.

Стоби

Археолошкиот локалитет Стоби се наоѓа во централниот дел на Македонија. Овој некогашен град бил економски центар и стратешко место. Денес делумно сочуваните градби му даваат огромна историска важност на местото и раскажуваат за едно далечно време.

Вевчанските извори

Вевчани е секогаш интересно место, а она што најмногу тука ќе ве восхити се изворите и природата што ги опкружува. Може да се посетат во секое годишно време, но најдобро е напролет. Освен природната убавина овде ќе можете да пробате и вкусна традицонална храна.

Осоговски манастир

Лоциран близу границата со Бугарија, Осоговскиот манастир, којшто е изграден во 12-от век, всушност се состои од две градби. Покрај големата манастирска црква има и помала црква посветена на раѓањето на Св. Богородица. Фреските што ќе ги видите во внатрешноста на црквите ќе ве воодушеват.

Куклица

Куклица или Македонската Кападокија се состои од 100-на камени блокови: 15 големи со висина од 10 метри, и уште 120 помали. Постои една легенда дека овие камени кули, што помалку потсетуваат на луѓе, се скаменети свадбени гости. Куклица се наоѓа на само 10 километри од Кратово.

Фото: Facebook, Pinterest

Објавено:
18 август 2023
Категорија: 
Култура